Парламентарни избори во Велика Британија
Британците гласаат за нов парламентарен состав. Новата влада ќе мора да се справи со финансиската криза, миграцијата и инфлацијата. Најголем ривал на премиерот Сунак е 61-годишниот Кир Стармер, поранешен главен обвинител за Англија и Велс и лидер на Лабуристичката партија. Преизборните анкети предвидуваат пораз на конзервативците и убедлива победа на лабуристите...

Обединето Кралство, 49 милиони луѓе од Англија, Велс, Шкотска и Северна Ирска гласаат за новиот парламентарен состав. Домот на лордовите или Долниот дом на британскиот парламент има вкупно 650 места. За формирање Влада потребно е мнозинство од 326 пратеници. Во случај ниту една партија да нема апсолутно мнозинство во парламентот, помалите партии без силна регионална поддршка, би можеле да бидат клучни за формирање на коалициска влада.
Новата влада ќе мора да се справи со финансиската криза, миграцијата и инфлацијата предизвикани од војната во Украина. Најголем ривал на премиерот Сунак е 61-годишниот Кир Стармер, поранешен главен обвинител за Англија и Велс и лидер на Лабуристичката партија од април 2020 година.
„Ако анкетите се генерално точни, веројатно ќе видиме подраматичен збир на изборни резултати во однос на жртвите што ќе ги претрпи Конзервативната партија отколку што сигурно сме виделе во целиот 21 век“, изјави Филип Каули, политиколог.
Според истражувањето на јавното мислење, лабуристите на Стармер имаат предност од околу 20 насто пред конзервативците на премиерот Сунак, кои беа на власт во периодот на излегувањето на Велика Британија од Европската унија и пандемијата на коронавирус. Дел од колачот ќе земе и новата десничарска партија Реформа на Обединетото Кралство на Најџел Фараж, чија кампања се темелеше на критиките на раководството на конзервативците за неуспехот да се контролира имиграцијата.
Маријана Димовска
