Трамп има убедливо водство пред Бајден во новите анкети на „Њујорк Тајмс“ и „Волстрит Џурнал“
Според одделни анкети објавени вчера од Њујорк Тајмс и Волстрит Џурнал, Републиканскиот кандидат Доналд Трамп има значителна предност пред претседателот Џо Бајден...

Според одделни анкети објавени вчера од Њујорк Тајмс и Волстрит Џурнал, Републиканскиот кандидат Доналд Трамп има значителна предност пред претседателот Џо Бајден во трката за Белата куќа откако двајцата кандидати дебатираа минатата недела. Демократските гувернери на Њујорк, Минесота и Мериленд изјавија дека ќе ја поддржат кандидатурата за реизбор на претседателот Џо Бајден и покрај неговиот лош настап на минатонеделната ТВ дебата со Доналд Трамп. Според нив, Бајден бил лош во дебатата, но е способен за функцијата.
„Служевме кога Доналд Трамп беше претседател и заканите за нашата нација беа реални. Претседателството на Трамп беше хаос, претседателството на Бајден се справуваше со Ковид, инвестираше во инфраструктура и средната класа“, изјави Тим Волц, гувернер на Минесота.
„Бевме искрени за загриженоста што ја слушавме од луѓето, ќе застанеме со него затоа што претседателот отсекогаш го чувал нашиот грб и ние ќе го чуваме неговиот“, изјави Вес Мур, гувернер на Мериленд.
„Во пресрет на прославата на 4-ти јули, зборуваме за тоа како преминуваме под монархија и тиранија против кои се бореле нашите татковци основачи. Дека ризикуваме токму сега да се вратиме назад на истото место. Ние ќе застанеме со претседателот додека се бориме со таа сила, таа сила е Доналд Трамп“, изјави Кети Хочул, гувернер на Њујорк.
