КАЗАХСТАН

Годишен самит на лидерите на земјите-членки на Шангајската организација

04.07.2024 11:17

Претседателите на Русија и Кина, Путин и Си Џинпинг присуствуваат на годишниот самит на лидерите на земјите-членки на Шангајската организација во главниот град на Казахстан, Астана...

Претседателите на Русија и Кина, Путин и Си Џинпинг присуствуваат на годишниот самит на лидерите на земјите-членки на Шангајската организација во главниот град на Казахстан, Астана. Западниот сосед и сојузник на Русија, Белорусија, официјално е примен во организацијата.

Групацијата беше формирана во 2001-ва година од Пекинг и Москва и четири поранешни советски централно-азиски земји за да се промовира регионалната безбедност и економската соработка.