Маричиќ и Шаќири на апанажа, Бесими, Лога и Бектеши сè уште не се изјасниле
Другите министри од кабинетот на поранешниот премиер Димитар Ковачевски се веќе пратеници или се пензионирале...

На денешната собраниска седница за избори и именувања, барањата за апанажа од поранешни министри и именување на генерален секретар на законодавниот дом. Екс-министрите Бујар Османи, Артан Груби, Славица Грковска, Ристо Пенов, Азир Алиу и Каја Шукова нема да бараат апанажа. Се враќаат на нивните поранешни работни места. Единствено Бојан Маричиќ и Јетон Шаќири поднеле барања исплата на плата уште една година.
Другите министри од кабинетот на поранешниот премиер Димитар Ковачевски се веќе пратеници или се пензионирале. Поранешните министри Фатмир Бесими, Кренар Лога и Крешник Бектеши сè уште не се изјасниле дали ќе побараат апанажа.
Груби се враќа на професорското место по новинарство на тетовскиот универзитет, Бујар Османи на Клиниката за дигестивна хирургија, а Грковска на своето работно место во МВР. Шукова останува во Министерството за животна средина, а Пенов и Алиу во приватниот бизнис. Досега се одобрени апанажи за околу 40 поранешни функционери, од кои 36 беа пратеници. Во наредните 12 месеци ќе ја примаат истата плата што ја добивале како министри, пратеници, директори на јавни претпријатија, односно од илјада и петстони до две илјади евра месечно.
