мвр
Претрес во Штип, пронајдена дрога, приведени две лица
04.07.2024 12:03
Имено, при претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана...

Вчера во 21.00 часот во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија на дрога и оружје при СВР Штип ги лишиле од слобода А.П.(36) и К.П.(32), двајцата од Штип. Имено, при претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок, информираат од МВР.
