Здравство

Парво вирусот ги полни ординациите, децата полесно го поминуваат

04.07.2024 12:50

Деца со црвенило, исип на кожа ги полнат ординациите. Вирусот парво брзо се шири и трае речиси една недела. Пренослив е, возрасните потешко го поминуваат. Нема компликации смируваат докторите …

Слабиот имунитет на децата ги враќа старите вируси, велат педијатрите. Ако порано за цела година имало само два случаи на парво вирус, изминатиов период во ординациите има по 15 деца со исипи на кожата. Заразата брзо се шири и трае до седум дена, вели докторката Марковска.

Не само децата, и возрасните не се имуни на вирусот, но за разлика од помладите, тие потешко го поминуваат. Добро е што вирусот не прави компликации, смирува доктор Марковска. Но лекарите не се затечени само од парво вирусот и пневмониите.

Докторката Марковска вели, има атипични пневмонии предизвикани од бактерии карактеристични за училишната возраст, колективите, а сега ги има и во градинките, надвор, имунитетот на децата годинава не се разви доволно. Ова е последица на изолацијата во времето на ковид-пандемијата.

 

Наташа Јанчиќ - Менковски