Се интензивира заштитата на потрошувачите

02.07.2014 16:08

Пазарната инспекција со месечни извештаи ќе го информира Министерството за економија за заштитата на потрошувачите...

Со средства од ИПА фондовите од 1,33 милиони евра наменети за  институциите и организацијата кои ги штитат правата на потрошувачите стартува нова визија со која се очекува навремено и позитивно решавање на проблемите на потрошувачите.

„700 илјади евра ќе бидат наменети во делот на подобрување на администрацијата, која е одговорна за заштита на потрошувачите, односно резорот на министерството кое ги штити правата на потрошувачите како и пазарниот инспекторат“, вели министерот за економија, Беким Незири.

Пазарната инспекција со месечни извештаи ќе го информира Министерството за економија за заштитата на потрошувачите. Досега се подготвуваа квартални извештаи. Министерството ќе има увид во постигнатите резултати во остварување на заштитата на интересите на најчувствителната група.

Незадоволните странки ќе можат да се обратат до Министерството за економоја, кое ќе прави споредба на податоците на Државниот пазарен инспекторат и на Организацијата на потрошувачите на Македонија.

Сања Спиридонова