Министерот Дурмиши ги претстави приоритетите, во фокусот работничките права
Новиот министер за економија и труд, Дурмиши, на средбата со новинарите ги претстави приоритетите. Во фокусот работничките права. Најавени можни промени и во Законот за нефер трговски практики...

На првата седница на новиот социоекономски совет, Владата ќе го разгледува барањето на Сојузот на синдикатите на Македонија за покачување на минималецот за 450 евра. Новиот министер Дурмиши рече дека унапредувањето на работничките права ќе му биде врвен приоритет.
Бизнисот и работниците ќе бидат една целина. Дурмиши ги претстави приоритетите – унапредување на животниот стандард, раст на БДП, привлекување нови инвестиции. Економија ќе крои нови и ќе ги ревидира постојните мерки за државна помош за компаниите. Во фокусот ќе бидат микро, малите и средните претпријатија. Најавени можни промени и во Законот за нефер трговски практики.
Дурмиши ќе прави ревизија и на работењето на неговите претходници, за што ќе го повика и Државниот завод за ревизија, кој последен пат направил контрола на работењето на Министерството во 2015-та.
Викторија Милевска
