Вредни археолошки наоди пронајдени во неолитското село „Тумба Маџари“
Пред една недела откриени се ретки археолошки наоди на локалитетот „Тумба Маџари“ во скопска Гази Баба. За првпат е откриена фигурина на „Големата Мајка“ со орнаменти, карактеристична на само ова место. Министерството за култура ќе го прогласи локалитетот за културно наследство и ќе го предложи за заштита од УНЕСКО.

Пронајдени се вредни археолошки наоди при најновите истражувања во неолитското село „Тумба Маџари“. Фигура на „Големата Мајка“ и делови од керамички сад за послужување храна, стари 8.000 години, се единствени само за скопскиот регион.
Министерството за култура и туризам ќе разговара со ЕВН да се заштити овој локалитет.
„Тумба Маџари“ ќе биде предложен за заштита од УНЕСКО. Туристите и посетителите да се вратат на локалитетот, да си купат сувенири од сувенирницата, а човекот којшто се грижи за неговото одржување, конечно да биде вработен.
Ирина Гелевска
