ИФФК „Браќа Манаки“

Бруно Делбонел добитник на „Златна камера 300“

04.07.2024 14:42

Францускиот кинематографер Бруно Делбонел е добитник на наградата за животен опус „Златна камера 300“ на јубилејното 45-то издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера ИФФК „Браќа Манаки“...

Францускиот кинематографер Бруно Делбонел е добитник на наградата за животен опус „Златна камера 300“ на јубилејното 45-то издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера ИФФК „Браќа Манаки“, што оваа година ќе се одржи од 21-ви до 27-ми септември во Битола.

Фестивалот „Браќа Манаки“ е првиот и најстар филмски фестивал во светот посветен на уметноста на кинематограферите. По повод јубилејното издание, директорот на фестивалот, Симеон Мони Дамевски, најави низа изненадувања, а како што рече, се очекува на фестивалот оваа година да присуствуваат досегашните добитници на наградата.

Добитникот на наградата, Бруно Делбонел е роден во 1957 година во Нанси, Франција. Има шест номинации за Оскар, меѓу кои за „Амели“ (2002) и „Многу долга венчавка“ (2005).