Превозниците со редуциран возен ред
Само дел од приватните превозници сообраќаа со редуциран возен ред, останатите ги паркираа автобусите. Бараат да им бидат исплатат долгот ...

Дали Скопје ќе остане без приватни автобуси? Изјавите на превозниците, ЈСП и град Скопје како во маѓепсан триаголник. Приватните автобуси ќе возат редуцирано. Меѓусебно се обвинуваат, но конкретно решение нема. Возачите се заканија дека ќе работат додека не ги дотрошат последните количини нафта. Се жалат дека немаат земено пари од јануари.
Превозниците велат дека со претходниот директор на ЈСП, Крсте Петревски, се договориле долгот да се исплати на рати, но набрзо откако си подале рака градоначалничката Арсовска го разреши и стави друг на негово место.
Градоначалничката на Скопје Арсовска, под чија ингеренција е ЈСП-Скопје, ги отфрла тврдењата дека градот им должи пари на приватните превозници. Од таму потенцираат дека проблеми во јавниот градски превоз нема, а доколку приватните превозници се решат да прекинат да возат, ЈСП најави соодветни тужби, бидејќи договорот ги обврзувал превозниците да ги возат автобусите.
Ова не е прв пат Скопје да биде без приватен превоз. Приватните превозници прекинаа да возат и кон крајот на 2022-та поради долг од милион и пол евра.
Ана Јосифовска - Тодоровска
