Македонија

Муртезани оствари средба со постојаниот координатор на ОН во Северна Македонија, Дуџаку

04.07.2024 16:54

Денеска, министерот за европски прашања Орхан Муртезани оствари средба со Постојаниот координатор на Обединетите нации во Северна Македонија, Росана Дуџаку.

Денеска, министерот за европски прашања Орхан Муртезани оствари средба со Постојаниот координатор на Обединетите нации во Северна Македонија, Росана Дуџаку.

Во фокусот на дискусијата беше статусот на евроинтегративните процеси на Северна Македонија, како и активностите на УН агенциите во Северна Македонија и можностите за унапредување и продлабочување на соработката во насока на поддршка на реформските приоритети на земјата.

Министерот Муртезани се осврна на одличната соработка со агенциите на ОН, пред сè интензивната соработка со УНОПС во спроведувањето на Нордиската иницијатива, со УНДП кои се активни во спроведување на голем број значајни иницијативи и проекти во Северна Македонија.

Министерот Муртезани и Постојаниот координатор на Обединетите нации во Северна Македонија Росана Дуџаку, се заложија за продолжување и продлабочување на партнерската соработка во периодот што претстои.