Семакедонска средба на македонците од Егејот со обединувачка порака
Потпишан е договор за заедничко чествување на Илинден од двете здруженија кои овој празник и заедничките интереси ги одбележуваа во потпелистерското село Трново. Договорот е обединувачка порака до македонскиот народ и до дијаспората во целиот свет...

Годинава на „Илинден“ досега оделните среби на македонците од Егејот и на иселаниците ќе се спојат во единсвена „Светска семакедонска средба“.
По 33 година потпишан е историски договор со кој понатаму заедно ќе работиме на семакедонското обединување, да ги афирмираме македонските вредности, но и сплотени со заеднички сили да бараме решение за историските неправди што се направени врз нашиот народ, рекоа претставниците на здруженијата и иницијаторите за овој договор.
„Остануваме обединети за трајно решение за македонското прашање и за враќање на државјанствата, имотите и наследните права на насилно протераните македонци од Егејскиот дел на Македонија“, рече председателот на здружението на Македонците од егејскиот дел на Македонија со седиште во Битола, Христо Гаков.
„Овој договор е порака до сета македонска популација без разлика на кој дел во светот се наоѓа. Овој договор е обединувачки во повеќе насоки, а посебно во единдтвото што треба да го покажеме во одбраната на името на државата и идентитетот“, рече претседателот на Светскиот семакедонски конгрес, Тодор Петров.
Според договорот манифестацијата во иднина трба да биде дел од битолската програма за култура а нејзин покровител градоначалникот Владимир Талески.
„Сега секој искажан збор од сите учесници ќе има поинакво значење. Односно вистинското значење. Секој досега со право ќе ни забележеше на тоа што организираме две пооделни средби обвинувајќи дека тое е знак дека не сме единствени“, рече градоначалникот на Битола, Владимир Талески.
Дека тоа никогаш не било така македонците од сите страни на светот ќе можат да докажат преку својата масовност на старото „место на плачот“, дворот на црквата Успение на Пресвета Богородица во потпелистерското село Трново истовремено отварајќи ново поглавје од долгогодишната традиција.
Стевче Митревски
