Македонија
Министерот Дурмиши одржа средба со косовскиот амбасадор
04.07.2024 18:43
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши оствари средба со амбасадорот на Република Косово во нашата држава Флоријан Ќехаја...

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши оствари средба со амбасадорот на Република Косово во нашата држава Флоријан Ќехаја.
Амбасадорот упати честитка до новата Влада и до министерот Дурмиши за неговото преземање на функцијата министер за економија и труд.
На средбата беа разменети мислења за можностите за продлабочување на билатералната и регионалната соработка.
Министерот Дурмиши изрази очекување дека позитивниот тренд во развојот на економските односи со Косово, како наш значаен трговски партнер, ќе продолжи и во иднина.
