Грција
Силно невреме ја погоди Грција
04.07.2024 20:29
Дожд и силно невреме ја погодија Грција, а последиците од лошото време веќе се манифестираа на северот на Атика и областите на централна Грција и Самотракија....

Дожд и силно невреме ја погодија Грција, а последиците од лошото време веќе се манифестираа на северот на Атика и областите на централна Грција и Самотракија.
Поплави веќе има во голем број случаи, додека удари од гром предизвикаа пожари, поради што пожарникарите имаа полни раце работа.
Мрежата на националната опсерваторија на Атина забележала над 400 удари од гром во рок од два часа.
