Македонија

Министерот Мисајловски на средба со амбасадорката на Грција, Филипиду

04.07.2024 20:33

Министерот за одбрана Владо Мисајловски попладнево во Министерството за одбрана оствари средба со амбасадорката на Грција, Н.Е. Софија Филипиду ...

Министерот за одбрана Владо Мисајловски попладнево во Министерството за одбрана оствари средба со амбасадорката на Грција, Н.Е. Софија Филипиду и одбранбеното аташе полковникот Константинос Самарас.

На средбата министерот Мисајловски истакна дека ќе се заложи на интензивирање на билатерална одбранбена соработка со Грција како наш НАТО сојузник и сосед со кој имаме заедничка визија за мирот, безбедноста и стабилноста на регионот и Алијансата.