Временска прогноза

Сончево и потопло со мала до умерена локална облачност

05.07.2024 08:14

Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец...

Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 34 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен северен ветер.