МНР

Муцунски на НАТО работен појадок

05.07.2024 08:26

Во фокус на средбата ќе биде 75-от јубилеј на Алијансата, кој ќе биде одбележан на претстојниот Самит во Вашингтон...

Денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски ќе одржи НАТО работен појадок. Во фокус на средбата ќе биде 75-от јубилеј на Алијансата, кој ќе биде одбележан на претстојниот Самит во Вашингтон.

Како што соопштуваат од Министерството, воведното обраќање на министерот Муцунски ќе биде отворено за медиумите, по што ќе следува затворена дискусија.