ИЗРАЕЛ

Хезболах истрела 200 ракети кон Израел

05.07.2024 08:32

Израелската армија соопшти дека повеќето од проектилите биле пресретнати и дека избувнале пожари во многу области на северот на Израел...

Израелскиот министер за одбрана Галант изјави дека земјата е најблиску до постигнување договор за ослободување на заложниците од Појасот Газа. Претходно, Либански Хезболах лансираше повеќе од 200 ракети и беспилотни летала, како одговор на нападот во кој загина нивен командант. Израелската армија соопшти дека повеќето од проектилите биле пресретнати и дека избувнале пожари во многу области на северот на Израел.

„Знаеме дека има уште долг пат да се помине, но решени сме да ја вратиме безбедноста на север и да ги вратиме жителите безбедно во нивните домови“, изјави Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.

Нападот на милитантната група поддржана од Иран е еден од најголемите во последните неколку месеци долж израелско-либанската граница каде во последните недели тензиите се зголемија.