Украина

Жестоки борби на фронтот во Украина

05.07.2024 08:36

Украинските власти велат дека е потребна поголема помош од Западот и дозвола за употреба на оружје на руска територија...

Низ цела Украина руските војници вршат напади, објави Киев. Украинските власти велат дека е потребна поголема помош од Западот и дозвола за употреба на оружје на руска територија. Претседателот Зеленски вели дека е благодарен за помошта на Западот, но некои бригади се недоволно вооружени.

„Врховниот командант Сирски извести за ситуацијата во главните насоки, при што најголемиот дел од борбите се водеа во нашиот регион Доњецк. Меѓутоа, сега ја зајакнуваме секоја насока – од Харков до јужните региони“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Русија нема да прогласи прекин на огнот додека Киев не преземе неповратни чекори прифатливи за Москва, вели претседателот Путин. Според него, Москва е подготвена да возврати на потегот на САД за распоредување ракети со среден и краток дострел во кој било регион во светот.