ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

Убедлива победа на лабуристите на изборите во Велика Британија

05.07.2024 08:41

Официјалните резултати покажуваат дека освоиле доволно места за мнозинство во парламентот на Велика Британија и ќе ја формираат следната влада...

Историска победа за лабуристите на Кир Стармер. Конзервативците ја напуштаат власта во Велика Британија по 14 години. Официјалните резултати покажуваат дека освоиле доволно места за мнозинство во парламентот на Велика Британија и ќе ја формираат следната влада.

„Ви благодарам за одличниот резултат. Успеавме. Промените почнуваат сега. Чувството е одлично, морам да бидам искрен. Лабуристичката партија е подготвена да ги спроведе промените и да му служи на народот“, изјави Кир Стармер, иден премиер на Велика Британија.

„Лабуристичката партија победи на изборите. Им честитам на победатаИма многу за учење и размислување, а јас ја преземам одговорноста за загубата. На многуте, добри, вредни конзервативни кандидати кои изгубија и покрај нивните неуморни напори, жалам“, изјави Риши Сунак, премиер на Велика Британија.

Гласачите ги казнија ториевците за кризата со трошоците за живот, години на нестабилност и внатрешни борби во кои партијата имаше пет различни премиери од 2016 година.