Иран

Втор круг претседателски избори во Иран

05.07.2024 08:55

Во првиот круг, на 28-ми јуни ниту еден кандидат не доби над 50 насто од гласовите, а регистриран е и најмал одѕив досега за иранските избори...

Втор круг од претседателските избори во Иран. Се соочуваат двајца кандидати. Во првиот круг, на 28-ми јуни ниту еден кандидат не доби над 50 насто од гласовите, а регистриран е и најмал одѕив досега за иранските избори.

Околу 61 милион луѓе имаат право да гласаат за наследник на претседателот Ебрахим Раиси, кој загина во хеликоптерска несреќа во мај.