АМСМ

На „Табановце“ и „Богородица“ за влез и излез од земјава се чека по околу 40 минути

05.07.2024 08:58

Викендов се очекува зголемен интензитет на сообраќајот поради летните одмори. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози...

На граничните премини Табановце и Богородица утрово за влез и излез од земјава се чека по околу 40 минути, информираат од АМСМ.

Викендов се очекува зголемен интензитет на сообраќајот поради летните одмори.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Од понеделникот до 31 август во земјава е воведен летен режим за сообраќај со забрана за движење на тешки товарни возила со маса над 15 тона за денови од викендот и деновите при високи температури и тоа во петок од 17 до 22 часот, во сабота од 09 до 18 часот и во недела 09 до 22 часот.

На магистралниот пат Скопје – Охрид е забрането движење на тешки товарни возила чија маса е над 7,5 тона за време на викендите во следните интервали – петок од 15 до 22 часот, сабота од 07 до 12 и од 18 до 24 часот и во недела од 07 до 22 часот.