Скопје

Делови од Автокоманда, Центар и Ченто денеска без вода

05.07.2024 09:23

Делови од Центар, Автокоманда и Ченто утрово ќе останат без вода...

Делови од Центар, Автокоманда и Ченто утрово ќе останат без вода.

Заради изведување водоводен приклучок од Ф-80 мм на ул. „Дебарца“ бр. 63 во општина Центар со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на дел од ул. „Дебарца“, дел од ул. „Дане Крапчев“ и ул. „Славка Недиќ“.

Како што најавуваат од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје, прекинот во снабдувањето со вода ќе биде од 09:00 часот до завршување со активностите за изведување на водоводниот приклучок.

Поради уличен дефект на „16 Македонска бригада“ (парк шума Гази Баба), денеска, од 08:00 часот, без вода ќе бидат улиците: „16 Македонска бригада“, „Јани Лукровски“, „Ташко Караџа“ и „Трифун Хаџијанев“, во скопската населба Автокоманда.

На ул. „Методија Андонов – Ченто“ бб (кај Парк Ченто), утрово без снабдување со вода ќе бидат корисниците од населба Ченто, Општина Гази Баба, поради поправка на затворач (Шибер) од ф-250 мм н.