НАТО

Муцунски: Мора да се вложат сите напори за безбедност во регионот

05.07.2024 09:28

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски утрово организира НАТО работен појадок. Во обраќањето ја истакна подготвеноста за соработка и порача дека мора да се вложат сите напори за безбедност во регионот и пошироко...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски утрово организира НАТО работен појадок во Клубот на пратеници. Во фокус 75-иот јубилеј на Алијансата, кој ќе се одбележи на претстојниот Самит во Вашингтон.

Во обраќањето министерот Муцунски ја истакна подготвеноста за соработка и порача дека мора да се вложат сите напори за безбедност во регионот и пошироко.

„Зголемените хибридни закани, дезинформации, сајбер напади, зголемените влијанија од трети страни и присилувања претставуваат предизвици кои треба да бидат во центарот на нашето внимание. Потребно е да ги зајакнеме сите наши сили и капацитети за справување со овие закани и предизвици со кои денес се соочуваат сите земји во регионот подеднакво“, нагласи министерот Муцунски.

Нагласи дека продолжувањето на блиската координација на НАТО и ЕУ во регионот е од суштинско значење, особено преку процесите на европската и евроатлантската интеграција.