Изложба „Антологија 4“ со Куќата на Робевци
Куратор на изложбата е м-р Сашо Блажески, изложбата е посветена на наивното сликарство, а претставува избор од најзначајните автори на овој правец кои се дел од збирката на современа уметност кои ги поседува НУ „Завод и Музеј“ од Охрид.

Вечерва во Куќата на Робевци во Охрид со почеток во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Антологија 4“.
Куратор на изложбата е м-р Сашо Блажески, изложбата е посветена на наивното сликарство, а претставува избор од најзначајните автори на овој правец кои се дел од збирката на современа уметност кои ги поседува НУ „Завод и Музеј“ од Охрид.
На изложбата ќе бидат претставени дела од Иван Генералиќ, Вангел Наумовски, Јан Књазовиц, Иван Лацковиќ и Андреј Вењарски.
Љубителите на овој уметнички правец ќе можат да ја посетат изложбата до 18-ти јули.
