Мицкоски најави нова германско-белгиска инвестиција вредна 20 милиони евра
Германската компанија „ЕПСОТЕХ“, во партнерство со белгиската „АИМ“ ќе инвестира во изградба на нов производствен погон, за што ќе вложи 20 милиони евра, напиша Мицкоски на социјалните мрежи...

Премиерот Мицкоски најави нова германско-белгиска инвестиција. Германската компанија „ЕПСОТЕХ“, во партнерство со белгиската „АИМ“ ќе инвестира во изградба на нов производствен погон, за што ќе вложи 20 милиони евра, напиша Мицкоски на социјалните мрежи.
Објектот ќе биде лоциран во општината Петровец, надвор од технолошко-развојните зони и во него ќе се произведуваат елементи од автомобилската, железничката и здравствената индустрија.
Градежните активности ќе почнат на крајот на август, а за една година се планира вработување на повеќе од 110 наши сограѓани. Дел од инвестицијата е и центар за истражување и развој, што дава голема додадена вредност на истата и ќе значи ангажирање на високо стручни вработувања, напиша шефот на Владата на Фејсбук.
