Гир и Дрекслер не ја коментираа изјавата на Мицксоки, велат- дијалогот продолжува, неопходни се реформи
Амбасадорите директно не ја коментираа изјавата на премиерот Мицкоски дека странските дипломати се со практика да се мешаат во внатрешните работи на државата, но се согласуваат дека се потребни промени во судскиот систем...

Дијалогот со новата влада продолжува. Неопходни се реформи и владеење на правото, евроамбасадорот Гир и германската амбасадорка Дрекслер. Директно не ја коментираа изјавата на премиерот Мицкоски дека странските дипломати се со практика да се мешаат во внатрешните работи на државата, но се согласуваат дека се потребни промени во судскиот систем.
„Ќе го продолжиме дијалогот со новата влада и уверена сум дека тоа ќе биде ценето од сите страни, имаме многу силна соработка за прашањата за владеењето на правото кои се дел од пристапниот процес на Европската унија и за фундаментите кои, како што знаете, се многу важни и се радуваме на продолжување на тој дијалог“, нагласи германската амбасадорка во земјава Петра Дрекслер.
Евроамбасадорот Гир посочи дека се надева на континуиран и конструктивен однос, бидејќи како што рече-делиме иста цел.
„Мислам дека премиерот отвори некои многу важни прашања, мислам дека може да се согласиме за потребата за реформи во владеењето на правото и ова е клучно за европскиот пат на државата. Секако ние ќе бидеме вклучени со премиерот и со владата за да разговараме за најдобрите начини како да се продолжи напред и со другите делови од системот. Се надеваме на континуиран и конструктивен однос, ја делиме истата цел, а тоа е да ја внесеме државата во Европската унија што побрзо“, нагласи евроамбасадорот Дејвид Гир.
Премиерот Мицкоски вчера ги повика амбасадорите дека е подготвен да разговара ако имаат подобро решение да се врати довербата во правосудството. По изјавите дека не е добар потег распуштањето на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, порача да не се мешаат во внатрешните работи на државата.
