МВР

Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога

05.07.2024 11:09

На 04.07.2024 во 16.45 часот во Свети Николе, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе го лишиле од слобода Н.Ј.(42) од Свети Николе...

На 04.07.2024 во 16.45 часот во Свети Николе, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе го лишиле од слобода Н.Ј.(42) од Свети Николе, информираат од МВР.

При претрес во неговиот дом, извршен по претходно добиена судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и други предмети поврзани со кривичното дело.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, стои во соопштението.