Дојран станува туристички избор, а не алтернатива
Дојран на големо се подготвува да стане туристички избор, а не алтернатива. Привршува уредувањето на плажите според сите стандарди, а се работи и на згогатување на понудата во хотелите и во приватното сместување. Атракциите на вода ќе бидат солидна мамка за туристите...

Кон средината на јули треба да финишираат градежните работи на првите 500 метри од градската плажа во Дојран. Тука, освен плажа, министерството за транспорт и врски финансира изградба и на шанкови, повеќе игралишта, простор за деца, тоалети, платформа над вода. Туристите трпеливо го чекаат крајот на градбата очекувајќи Дојран да стане уште поинтересен за одмор.
Минситерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски изврши увид на досегашните работи. Смета дека градбата ќе заврши порано од предвидениот рок кон крајот на јули.
„Околу 15 јули ќе призавршат градежните работи, иако согласно договорот треба да завршат кон крајот на месец јули. Јас повторно ќе дојдам и во наредниот период, се со цел да бидам во тек со работите бидејќи има доста отворени прашања кои ги решаваме во од, се со цел, Дојран да добие една одлична плажа која ќе донесе голем број домашни, но и странски туристи“, рече Јанакиески.
За десетина дена ќе почне изградбата и на нова плажа во Преспа, а Јанакиевски најави дека наскоро ќе објават повик за проект и идејно решение за нова плажа во Охрид.
Катерина Давчева
