Судство

Мицкоски го повика Судскиот совет на дијалог и да понуди решение

05.07.2024 16:06

Распуштањето на Судскиот совет и натаму актуелна тема во јавноста. За власта тоа се реформи отворени за дијалог, експертите пак, препорачуваат судиите сами да си ги решат проблемите. Амбасадорите и денеска имаа став по ова прашање, но велат дека не се мешаат во внатрешните работи на земјава...

Нема повеќе удобни фотелји, туку одговорност. Премиерот Мицкоски не се откажува од темелни реформи во Судскиот совет и Советот на јавни обвинители. Наместо да се засрамат тие продолжуваат да ги трошат народните пари и се закануваат, вели Мицкоски кој ја повика фелата на разговори за подобрување на правосудниот систем за кој вели дека промени се неопходни.

Советот на јавни обвинители контра премиерот. Нивното распуштање би било штетно за целата обвинителска организација и целосно би ја нарушила работата на јавното обвинителство, смета претседателката Душица Димитревска. Според неа одговорноста мора да биде индивидуална.

Против разрешувањето на Судскиот и Советот на јавни обвинители се и амбасадорите во земјава кои ги отфрлија обвинувањата на првиот човек на владата оти се мешале во како што рече внатрешните работи на земјата.

Судската фела е таа која на крајот треба да ги спроведе реформите и во своите редови да ги открие оние кои имаат бизнис и политички релации сметаат невладините.

Викторија Милевска