Здравство

Таравари ја посети Онкологија, најави решенија за недостигот на кадар

05.07.2024 14:43

Директорот на Онкологија ќе мора да стави на хартија кои профили на медицински кадар се потребни за функционирање на клиниката. Наредната недела министерот за здравство ги чека конкретни барања за да почне да ги решава проблемите на Онкологија...

Директорот на Онкологија ќе мора да стави на хартија кои профили на медицински кадар се потребни за функционирање на клиниката. Наредната недела министерот за здравство ги чека конкретни барања за да почне да ги решава проблемите на Онкологија.

Проблем е и терапијата, бројот на пациенти постојано се зголемува и таа се троши побрзо од предвиденото.

Онколошките пациенти бараат современа терапија.

Здравствените власти ветија дека во најкус период ќе почнат да работат амбулантите во битолската, тетовската и во ГОБ „8 Септември“, се со цел пациенти да добијат терапија блиску до нивното место на живеење, но и да се намали ударот на Онкологија.

 

Наташа Јанчиќ – Менковски