Италија

Се крена нивото на тревога во Италија, по активирање на вулканот Етна

05.07.2024 16:59

Ерупциите од италијанските вулкани Етна и помалите Стромболи, придружени со исфрлање врела пепел и лава, денеска го подигнаа нивото на тревога на Сицилија и ги принудија властите да го затворат аеродромот во Катанија...

Ерупциите од италијанските вулкани Етна и помалите Стромболи, придружени со исфрлање врела пепел и лава, денеска го подигнаа нивото на тревога на Сицилија и ги принудија властите да го затворат аеродромот во Катанија. Еден од најактивните вулкани во светот, Етна, е исклучително активен во последните денови, а неговите ерупции го осветлуваат небото во близина на градот Катанија.

Министерот за цивилна заштита, Нело Мусумеци, рече дека плановите за евакуација на населението во Стромболи се „во подготвеност“. Противпожарната служба на островот двојно го зголеми бројот на дежурни пожарникари. Поради вулканската пепел, пистата на аеродромот е оневозможена и откажани се сите полетувања и пристигнувања авиони.