Самарас не чул за македонски јазик?!

02.07.2014 17:10

Жозе Мануел Баросо, на заминување од челното место во Европската комисија порача дека Брисел ќе направи грешка ако им сврти грб на земјите од Западниот Балкан. Зборувајќи за проширувањето, грчкиот премиер Самарас не ја ни спомена Македонија, но не пропушти да провоцира во однос на постоењето на македонскиот јазик....

Запрашан одстрана на дописникот на МРТ, за процесот на пропширувањето на ЕУ, откако Србија започна преговори, а Албанија доби статус на кандиадат, како Република Македонија ќе напредни во европската интеграција, со оглед дека главната пречка е токму спорот со името кој го има и поради кој е блокирана од Грција. Одговарајќи на прашањето, Антонио Самарас рече „Игнорирав дека Македонскиот јазик постои.“  – Ова како претходна забелешка на тоа што новинарот се претстави како дописник на повеќе медиуми на Македонски јазик.

Понатаму грчкиот премиер во однос на прашањето за евроинтеграцијата на Македонија, целата одговорност ја префрли врз Македонија.

Процесот на приклучување не е според распоред туку според заслугите. Во Европскиот Совет одлучивме да не отвориме преговори со земјите кои денес не одговараат на критериумите, како последица со тоа се става во прашање кредибилноста на проширувањето  и на целиот овај долг процес во целата Европска Унија. Кога ми го поставувате прашањето сакам да додадам дека кога непопустливоста го заменува дијалогот , нештата стануваат многу тешки за решавање. Крајно тешки. Тоа е политичката реалност денес. Што се однесува до Грција ние сметаме дека Скопје покажува голема непопустливост и тоа е лош знак не само за Грција туку и за целиот свет, рече Самарас.

Излегувајќи од вообичаената воздржаност на дипломатското- инстиуционално  новинарство,  на грчкиот премиер му забележав дека Македонскиот јазик постои и дека тој е признат јазик од лингвистите, дека јазикот не е измислен и дека тој јазик е зборуван и од Македонското –малцинство во Грција, која грчката држава не го признава, а за тоа сведочи и студијата Евромозаик на Европската комисија.

На тоа Самарас одговори на француски јазик:

„Има многу нешта што комунистите измислија самите, и не би сакал да зборувам за тоа, но тоа е периодот.“

На што му одговорив:

„Господине Премеиере не сум ниту измислен и постојам така како што се чуствувам.“

Претходно Жозе Мануел Баросо, чиј мандат е на крај, потсети дека во 2004 година ЕУ броеше 15 земји членки, денес десет години подоцна тие се двојно повеќе - 28 земји членки. Претседателот на Европската комисија посебно инсистираше дека проширувањето и обединувањето на европскиот континент  е едно од „најголемите и исклучително достигнување на ЕУ“.

„Ќе биде голема грешка ако им го свртиме грбот на земјите од Западен Балкан. Ќе биде грешка ако ги затвориме нашите граници. Го видов напреодкот во овие земји, како при мојата последна посета на Албанија, затоа не треба да им го свртуваме грбот и да се затвориме“ , порача од Стразбур, Баросо.

Попладнево италијанското претседателство ги претставува своите приоритети со ЕУ.

Притоа тој нагласи дека треба да се испочитува договорот со земјите од Западен Балкан, бидејќи спротивното ќе биде неодговорно, но овие земји треба претходно да ги исполнат условите.

 

За МРТ од Стразбур, Тони Гламчевски