Грција

Земјотрес со јачина од 4,1 денеска го погоди Крит

05.07.2024 19:02

Земјотрес со јачина од 4,1 го погоди денеска грчкиот остров Крит, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC)...

Земјотрес со јачина од 4,1 го погоди денеска грчкиот остров Крит, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC).

Земјотресот бил на длабочина од 8 километри, додава EMSC.

Епицентарот на земјотресот бил на 64 километри југоисточно од најголемиот град на Крит, Ираклион.