Договорена откупната цена на пченицата

02.07.2014 17:19

Мелничарите и производителите на пченица постигнаа договор за откупната цена за годинашната пченица...

Мелничарите и производителите на пченица, денеска, на средба во министерството за земјоделство, на која присуствуваа и министерот Михаил Цветков и заменикот министер, Зоран Коњановски, постигнаа договор за откупната цена за годинашната пченица.

Според договорот, под 72хл тежина препорачаната цена на пченицата ќе биде 10 денари, односно, од 72 до 76 хл тежина, цената ќе биде 11 денари, од 76 до 78 хл тежина цената ќе изнесува 12 денари и над 78 хл тежина цената ќе изнесува 13 денари и повеќе со зголемување на хектолитарската тежина.

По звршувањето на средбата двете страни и мелничарите и производителите на пченица истакнаа дека се задоволни од постигнатиот договор за висината на откупната цена на пченицата.

Според догвореното, преработувачите треба на видно место да ја објават конечната цена по која ќе го откупуваат лебното жито и двете страни се обврзаа да ги почитуваат одредбите од правилникот при откупот на пченицата.