Тетово

Ново убиство од автомобил во движење

06.07.2024 09:24

Синоќа во Тетово убиство како во филмовите. Маж бил застрелан во сопствениот автомобил од возило во движење...

Синоќа во Тетово убиство како во филмовите. Маж бил застрелан во сопствениот автомобил од возило во движење.

Во 20 часот и 35 минути во СВР Тетово е пријавено дека на улица „Штипска“ едно лице, кое било со возило марка „Мерцедес“, пукало кон возило марка „БМВ“ во кое било лицето со иницијали Р.Т., кое од добиените повреди починало, кратко информираа од полицијата. СВР Тетово презема интензивни мерки и активности за расчистување на случајот.

Според одредени информации, станува збор за продолжение на стара пресметка меѓу две групи и дека убиството наводно е поврзано со пукањето во тетовската болница пред неколку месеци кога исто така имаше настрадани. Минатата недела слично убиство се случи и во скопско Батинци, а убијците избегаа со автомобил по заседата и сè уште не се пронајдени.