Велика Британија
Стармер вети дека ќе ја обнови Британија
06.07.2024 10:14
Сер Кир Стармер, новиот британски премиер, беше примен од кралот Чарлс Трети, а потоа го одржа својот прв говор...

Сер Кир Стармер, новиот британски премиер, беше примен од кралот Чарлс Трети, а потоа го одржа својот прв говор пред Даунинг Стрит 10, традиционалното седиште на шефовите на влади во Лондон.
Силно поздравен од неговите поддржувачи, тој им се заблагодари на сите што гласаа за Лабуристичката партија, потенцирајќи дека лабуристите добиле јасен мандат, кој партијата ќе го искористи за да донесе промени. Новиот премиер вети дека ќе ја изгради државата.
