Израел

Се зголемуваат шансите за прекин на конфликтот во Појасот Газа

06.07.2024 10:16

Израелскиот премиер Нетанјаху го информираше американскиот претседател Бајден дека ќе испрати делегација да ги продолжи преговорите за прекин на огнот..

Откако Хамас поднесе ревидиран предлог за договор за прекин на огнот, а Израел се согласи да ги продолжи преговорите, се зголемуваат шансите за прекин на конфликтот во Појасот Газа.

Израелскиот премиер Нетанјаху го информираше американскиот претседател Бајден дека ќе испрати делегација да ги продолжи преговорите за прекин на огнот, пред шефот на Мосад Дејвид Барнеа да отпатува за Катар, каде што треба да се одржат разговорите.

Тел Авив досега не прифати ниту еден од предложените модели на примирје што ги предложи Хамас.