Прилеп

50 години Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“

06.07.2024 10:39

Во пет децении фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ се декларира како чувар на богатиот изворен мелос. Има млади што ја продолжуваат фолклорната традиција, но неопходна е институционалната и грижата на поединците, особено во време на миграција …

Здравко Андонов од Ињево, радовишко цел живот е со гајдата. Љубовта спрема изворниот мелос е во неговото постоење младиот Никола Стојов од оризари, кочанско вели дека поттик се токму возрасните.

Со 50 гајдаџии од цела Македонија фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ го одбележа петдеценискиот јубилеј и ја нагласи улогата во зачувувањето, негувањето и пренесувањето на помладите на богатиот изворен мелос.

Зачувувањето на фолклорното наследство е задача на целата држава и на поединците.

Фестивалот се одржува во Прилеп и на Рудина, Долнени. Во пет децении учествувале преку 15.000 изведувачи од земјава и странство. За јубилејот настапи и националниот ансамбл „Танец“.

 

Елизабета Митреска