Хамас го прифати предлогот за преговори за ослободување на израелските заложници
Хамас го прифати американскиот предлог за почеток на преговори за ослободување на израелските заложници, вклучително и војници и мажи, 16 дена по првата фаза од договорот чија цел е да се стави крај на војната во Газа-вели извор од Хамас...

Хамас го прифати американскиот предлог за почеток на преговори за ослободување на израелските заложници, вклучително и војници и мажи, 16 дена по првата фаза од договорот чија цел е да се стави крај на војната во Газа-вели извор од Хамас.
Милитантната група се откажа од барањето Израел прво да се обврзе на траен прекин на огнот пред да го потпише договорот и прифати да се постигне договор за време на првата фаза од шестнеделните разговори. Предлогот би можел да доведе до рамковен договор доколку Израел го прифати, со што ќе заврши деветмесечната војна меѓу Израел и Хамас во Газа.
Во исто време, израелската војска продолжува со офанзивата во појасот Газа и со нападите врз Хезболах.
