Иран
Реформистот Пезешкијан победи на изборите во Иран
06.07.2024 12:17
Реформистичкиот кандидат Масуд Пезешкијан победи на претседателските избори во Иран, освојувајќи 53,7 насто од гласовите во вториот круг од гласањето, наспроти неговиот конзервативен ривал Саид Џалили кој доби 44,3 насто...

Реформистичкиот кандидат Масуд Пезешкијан победи на претседателските избори во Иран, освојувајќи 53,7 насто од гласовите во вториот круг од гласањето, наспроти неговиот конзервативен ривал Саид Џалили кој доби 44,3 насто.
Пезешкијан вети дека ќе подаде рака на пријателство кон сите. Околу 61 милион луѓе имаа право на глас за наследник на претседателот Ебрахим Раиси, кој загина во хеликоптерска несреќа во мај.
