Образование

Отворени две лаборатории за потребите на Тетовскиот универзитет

02.07.2014 18:00

Практичната настава за студентите по медицина од Државниот универзитет во Тетово ќе биде подобрена со отворањето на двете нови лаборатории во тетовската клиничка болница...

Лаборатории за хистопатологија и стоматологија за потребите на медицинскиот факултет на Државниот универзитет во Тетово денес се отворени во тетовската Клиничка болница.

„До сега Владата на Република Македонија инвестираша околу 750 илјади евра за три лаборатории на Државниот универзитет во Тетово. Денешната инвестиција е повеќе од 200 илјади евра, но е инвестиција од универзитетот“, изјави Абдулаќим Адеми – Министер за образование.

„Тоа ќе биде за да им се излезе во пресрет на студентите што студираат на Медицинскиот факултет за да го развијат практичниот дел од наставата“, вели Вулнет Амети – Ректор на ДУТ.

Лабораториите се можност за студентите - наставата да добие практична реализација. Ова за директорот на болницата е продолжение на добрата соработка со универзитетот.

„На студентите им е потребно и практичниот дел да го имаат, покрај теоретската настава, тоа што го стекнале во наставата да го вежбаат“, изјави Фљорим Бесими – Директор на Клиничка болница – Тетово.

За деканот на медицинскиот факултет ваквите лаборатории се предуслов за квалитетно образование во секој универзитет.

„Ние ќе продолжиме и понатаму со други иновации, зошто Медицинскиот факултет има потреба од вакви лаборатории“, смета Насир Беџети – Декан на Медицински факултет на ДУТ.

Зоран Јованоски