Од 10-ти јули поскапа патарината во Србија
Во Србија од 10-ти јули ќе има поскапување на патарините, откако Владата на Србија го одобри новиот ценовник на Јавното претпријатие Патишта на Србија...

Во Србија од 10-ти јули ќе има поскапување на патарините, откако Владата на Србија го одобри новиот ценовник на Јавното претпријатие Патишта на Србија.
Новите цени на патарините ќе поскапат линерано за 10 отсто.
Цената на патарината од Белград – Ниш Југ ќе изнесува 1.130,00 динари додека старата цена изнесуваше 1.020,00 што е за 110 динари поскапо или околу 0,90 центи. Останатите цени на одделни делници се:
-Белград – Суботица: нова цена 800,00 динари (стара цена 730,00);
-Белград – Шид: 500,00 динари ( стара цена 450,00 динари);
-Обреновац – Прељина: 560,00 динари ( стара цена 510,00);
-Белград – Врбас: 470,00 динари ( стара цена 420,00);
-Белград – Димитровград: нова цена 1.670 (до сега 1.510 динари).
