Уапсени 10-тина хакери во полициска акција во три града

03.07.2014 10:14

Групата работела подолг период и според информациите од истрагата станува збор за добро подготвени луѓе...

Во три града во полициска акција синоќа се уапсени 10-тина лица, добро организирана група хакери, која креирала лажни веб страници идентични со оригиналните преку кои може да се купува и преку т.н. фишинг крадела лични податоци од граѓаните.
 
На тој начин, потврдуваат од полицијата, хакерите успеале да извлечат 100-тина илјади евра и 100-тина илјади американски долари.
 
Групата работела подолг период и според информациите од истрагата станува збор за добро подготвени луѓе кои речи си перфектно ја работеле својата работа.