Втор круг од парламентарните избори во Франција
Во Франција се одржува вториот круг од парламентарните избори. Се гласа за 501 од 577 места во Националното собрание, долниот и најважен дом на францускиот парламент...

Во Франција се одржува вториот круг од парламентарните избори. Се гласа за 501 од 577 места во Националното собрание, долниот и најважен дом на францускиот парламент.
Екстремно десничарскиот Национален собир на Мари Ле Пен и неговите сојузници водат по првиот круг со околу 34 насто од гласовите. Левичарската коалиција Нов народен фронт освои 29 проценти, а центристичката коалиција, во која е и партијата „Преродба“ на францускиот претседател Макрон, го зазеде третото место.
Според анкетите десницата ќе има најмногу места во Националното собрание, за прв пат по Втората светска војна, но најверојатно нема да има апсолутно мнозинство од 289 места.
