Австралија
Три деца загинаа во пожар во Сиднеј, полицијата истражува убиство
07.07.2024 12:24
Три деца, меѓу кои и 10-месечно бебе, загинаа во пожар во дом, во австралискиот град Сиднеј. Полицијата се сомнева за можно убиство...

Три деца, меѓу кои и 10-месечно бебе, загинаа во пожар во дом, во австралискиот град Сиднеј. Полицијата се сомнева за можно убиство.
На две момчиња, на возраст од 4 и 2 години им била укажана помош, но набргу по приемот во болница починале. Уапсен е 28-годишен маж кој ја спречил полицијата да влезе на имотот.
Полицијата го сомничи дека е одговорен за трагичното одземање на животите на децата. Четири други деца, на возраст меѓу 6 и 11 години, се во болница, во стабилна состојба, како и нивната 29-годишна мајка, која била лекувана од вдишување чад.
