Советување на ученици и родители

10.12.2013 15:10

Учениците под будното око на класниот

Класниот раководител ќе утврдува дали ученикот има голем број изостаноци, односно 10 неоправдани или 100 оправдани. Ќе се следи и можното намалување на општиот успех за многу кратко време. Од Министерството за образование најавија две нови програми за советување на родителите и учениците. Ученикот првин ќе биде испратен кај училишниот психолог, кој ќе разговара со него и ќе направи процена дали треба да се викне родителот, а потоа ќе се изготвува план за советување и поддршка на ученикот за коригирање на несоодветното однесување.