Украина

Украински партизани тврдат дека уништиле важна железничка линија на Русија

07.07.2024 14:18

Украински партизани тврдат дека дигнале во воздух железничка линија близу Екатеринбург во Русија која била користена за транспорт на муниција од Северна Кореја до линијата на фронтот во Украина...

Украински партизани тврдат дека дигнале во воздух железничка линија близу Екатеринбург во Русија која била користена за транспорт на муниција од Северна Кореја до линијата на фронтот во Украина.

Според воената партизанска група „Атеш“, нивните агенти успешно ја саботирале трансибирската железница, поткрепувајќи ги тврдењата со кратко видео на социјалната мрежа Телеграм.

Нападот се случува по неодамнешната објава на Пјонгјанг за испраќање на севернокорејски војници на украинското тло како поддршка на Русија во војната.