Влада

Почна враќањето на оградата околу Владата

07.07.2024 14:42

Денеска почна да се поставува металната ограда околу зградата на Владата. Пет дена откако на владина седница беше донесена одлука зградата пак да се огради, екипи од утрово ја местат оградата...

Денеска почна да се поставува металната ограда околу зградата на Владата. Пет дена откако на владина седница беше донесена одлука зградата пак да се огради, екипи од утрово ја местат оградата.

„Со оглед на тоа што објектот на Владата е опкружен со нефункционална и нерепрезентативна ограда во сопственост на Министерството за внатрешни работи, Владата ја задолжи Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) да започне постапка за враќање на оградата на Владата која веќе еднаш беше поставена. Истовремено, директорот на СОЗР Ивица Томовски информираше дека оградата била несоодветно чувана под надворешни влијанија во објектот на касарната Илинден, за што ќе направат и дополнителна проценка“, рекоа од Владата на 2-ри јули.